Samsung прави преклопен смартфон за масовна продажба

Објавено на 24.08.2020 во Новости



Samsung прави преклопен смартфон за масовна продажба

Преклопните смартфони моментално имаат превисока цена, па затоа се уште не можеме да очекуваме масовна побарувачка за нив. Таквата ситуација би требало да се промени со оглед на тоа што инженерите на Samsung моментално разботат на моделот со преклопен екран што ќе биде ценовно прифатлив.

Се уште не знаеме за каква цена станува збор, за која аналитичарите велат дека би требало да биде до 800 долари. Некои медиуми спомнуваат дури и износ од 600 до 700 долари. Поевтиниот модел дефинитивно би бил базиран на моделот Galaxy Z Flip, телефон со екран како класичните преклопници.