Microsoft се придружи на Epic Games во борбата против Apple
Објавено на 25.08.2020 во iOs
Изгледа дека борбата меѓу Epic Games и Apple ќе прерасне во рамки за борба на издавачи на мобилни игри и производители на смарт уреди и ќе стане борба против монопол. После Epic Games свесно во својата најпопуларна игра на Fortnite воведе систем на директно плаќање, со што го заобиколи Apple и ги прекрши правилата на App Store, Apple се оздмазди со исфрлањето на Fortnite од App Store, а најави и укинување на девелоперскиот профил на Fortnite.
Затоа Epic Games приложи приговор во судот и истакна дека ги контактирале бројни компании што користат Unreal Engine и ја изразиле својата загриженост поради потезите на Apple и влијанијата од таквата одлука на нивните iOS и macOS проекти. Во поддршка на Epic Games се најде и Microsoft.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.