Facebook ќе плати над 100 милиони евра данок на Франција

Објавено на 25.08.2020 во Новости



Facebook ќе плати над 100 милиони евра данок на Франција

Француската подружница на Facebook се согласи да плати над 100 милиони евра долг со камати, откако француската даночна управа почна да го проучува нивниот 10 годишен начин на работење. Тоа ја вклучува и 22 милиони евра казната поради неплаќање на данок.

Даночниот долг се однесува на периодот од 2009 до 2018 година. Од 2018 година, Facebook во својот годишен извештај за Франција воведува приходи од реклами. Затоа добивката на Facebook во Франција во 2019 година е речиси двојно поголема, но двојно поголем е и данокот што Facebook морал да го плати на француската сметка.