Samsung Galaxy S21 (S30) Ultra 5G ќе ја замени Note серијата
Објавено на 27.08.2020 во Новости
Samsung има планови да ја обедини Galaxy S и Galaxy Note линијата следната година, со оглед на тоа што Galaxy S21 се планира да пристигне со S Pen. Samsung Galaxy S21 серијата би можела да биде лансирана и како Galaxy S30, со кодно име ‘Unbound’ и ќе конзистира три премиум смартфони: M1, N2, и O3 – распоредени да бидат лансирани во првата половина од 2021 година.
Galaxy S21 и S21+ ќе пристигнат со стариот рецепт со Qualcomm или Exynos чипсетови, подобрени камери и надграден софтвер. Galaxy S21 Ultra сигурно ќе донесе нешто екстра на масата. Поентата на Samsung за обединувањето на двете серии е што сака да се фокусира на преклопните смартфони. S Pen стилусот ќе го има и кај Galaxy S21 Ultra, чиј претходник е Galaxy Note 20 Ultra.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.