Twitter заедницата во жалост по смртта на актерот Бозман

Објавено на 31.08.2020 во Новости



Twitter заедницата во жалост по смртта на актерот Бозман

Младиот и талентиран актер Чедвик Бозман ја загуби битката со канцерот на дебелото црево. Објавата на неговиот Twitter профил за жалосната вест ги шокираше фановите.

Бозман се прослави со улогата на Црниот Пантер, херој од филмовите на Marvel. Претходно глумеше во повеќе историски драми фантастично портретирајќи моќни ликови.

Oбјавата која е забележана како најлајкуваните во историјата на Twitter вклучува фотографија од актерот и детално објаснување за тоа што се случило, бидејќи актерот криел четири години дека се бори против ракот.