Од следното лето ќе се пресметува ДДВ на малите пратки од Кина

Објавено на 31.08.2020 во Новости



Од следното лето ќе се пресметува ДДВ на малите пратки од Кина

Од следното лето, конкретно од 1 јули 2021 година, за секоја пратка нарачана од трети земји, вклучувајќи ја и Кина, ќе биде потребно да се плати данок на додадена вредност во земјите од Европската Унија. Се уште не сме информирани дали ова ќе важи и за нашата земја што се уште не е земја членка на ЕУ. 

За помалку од 1 година ќе треба да се плати ДДВ и на малите евтини пакети што се нарачуваат од Кина. Европската Унија тоа го прави со цел рамноправно оданочување во работењето во споредба на домашните компании и третите земји.