Huawei нема да добива дисплеи од Samsung и LG

Објавено на 10.09.2020 во Новости



Huawei нема да добива дисплеи од Samsung и LG

Huawei најверојатно повеќе нема да добива достава на дисплеи за смартфони од традиционалните добавувачи Samsung и LG по огромниот притисок за санкции од страна на администрацијата на претседателот Трамп.

Huawei сега ги насочува фокусот кон домашните производители на екрани како што е BOE кои имаат одличен напредок во доставување на OLED панели за смартфони.

Huawei и натаму не може да склучи договори со голем број на компании од САД или компании кои имаат американски партнери се додека трае трговската војна меѓу Америка и Кина.