Излезе iOS 5 – што ни носи?!
Објавено на 13.10.2011 во iOs
Конечно заврши чекањето околу новостите на Apple. Прво излезе долго-очекуваниот iPhone, а сега Apple веќе ни ја претставија и најновата надграба на iOS – iOS 5.
Што ни носи? Меѓу многуте новини, највидливи и значајни промени се центарот за известувања и делот за пораките, односно iMessage.
Центарот за известувања е многу поедноставен и многу помалку ќе ви додева. Со едноставен клик на врвот од апликацијата ќе имате пристап до сите нови известувања, како и до апликациите за временската прогноза, берзата и сл.
iMessage, на многумина ќе им заличи на BlackBerry Messenger, но овој е многу подобар. Преку овој систем ќе можете да испраќате неограничен број на СМС пораки преку Wi-Fi или 3G, од вашиот Phone, iPod touch или iPad.
Ова се двете поголеми новини, но Apple вели дека iOS 5 носи уште 200 нови работи. Тука го имаме Newsstand, за подобра организација на магазините на кои сте претплатени, вградена интеграција на Twitter, новиот потесетник, подобрената камера, подобреното пребарување и синхронзиција преку Wi-Fi со iTunes и други уреди итн.
А од Купретино препорачуваат дека покрај сè ова, да не заборавиме што сè добиваме со iCloud.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.