По „Макси“ доаѓа и „Мини“ iPhone 12

Објавено на 22.09.2020 во Новости



По „Макси“ доаѓа и „Мини“ iPhone 12

Apple ретко сака да ја разводнува својата главна понуда во премиум класата но, годинава тоа може да биде променто, откако се проширија голем број на шпекулации дека за прв пат ќе биде лансиран еден Mini модел од iPhone 12 серијата, покрај Max моделите кои се најголеми и најскапи.

Mini додавката претходно со „тешко срце“ Apple ја употреби за лансирање на помал и поевтин таблет iPad, но формата и големината на таблетите одамна не е никаков клучен фактор за нивен успех.

Иако можеби првично со iPhone 12 Mini моделот се скршнува од патот кој го зацрта Стив Џобс за совршенство на премиум продукт и врвна цена, и понудата на смартфони како iPhone SE покажа дека и Apple може да игра со средната класа, а без притоа да си го наруши брендот и вештачкиот ореол кој медиумите го наметнаа низ годините.