Pixel 5 доаѓа со солена цена
Објавено на 25.09.2020 во Новости
Како што веќе предвидовме Google направи чудни одлуки за истовремено лансирање на Pixel 4a 5G и новиот модел од високата класа Pixel 5 кој суштински нема многу да се разликува но, ќе биде многу поскап.
Според прогнозите Pixel 4a 5G ќе се продава по цена од 500 евра, а Pixel 5 кој ќе има идентичен процесор и камера ќе биде за 150 евра поскап само затоа што е од "новата" генерација.
Со овие базични цени се очекува вистинскиот премиум модел Pixel 5 XL да биде уште поскап со цена од околу 800 евра.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.