Xiaomi Mi 10T и 10T Pro 5G: Протекоа сите спецификации

Објавено на 29.09.2020 во Новости



Xiaomi Mi 10T и 10T Pro 5G: Протекоа сите спецификации

Претстојните предводници на Xiaomi се Mi 10T и 10T Pro. Телефоните доаѓаат со неверојатни дисплеи со 144Hz освежување. 

Mi 10T ќе биде со 6.67-инчен IPS LCD дисплеј, тројна задна камера со 64MP главен сензор, плус 13MP ултра-широка камера и 5MP макро камера и голема батерија со капацитет од 5,000mAh, пропратени со Snapdragon 865 процесор. Меморијата на овој модел ќе биде 128GB, а RAM меморијата 8GB.

Mi 10T Pro ќе биде со главен сензор од 108MP со Оптичка Стабилизација на Сликата, батерија од 5,000mAh и 33W брзо полнење (исто како и Mi10T), 20MP селфи камера и брза UFS 3.1 меморија. Почетната цена се очекува да биде €699 за 256GB верзиите и €640 за 128GB кај Mi 10T Pro. Се уште нема информации за цената на Mi 10T. Двата телефона се очекуваат да излезат утре, на 30 септември.