HMD се предомисли за Android 11 надградбите на Nokia
Објавено на 29.09.2020 во Новости
HMD Global покажа зошто не е добро да правите „пиши бриши“ на социјалните мрежи. Најпрво го објави распоредот за надградба на нивните Nokia смартфони со најновата верзија на оперативниот систем Android 11 со приближни рокови кога тоа ќе се реализира, а потоа ја избриша објавата.
Според првичниот распоред први до крајот на годината кои ќе стигнат до Android 11 би требало да бидат поновите модели како Nokia 8.1 и Nokia 5.3, а последни некаде наесен следната година постарите модели како Nokia 9 Pureview и Nokia 1 Plus.
HMD Global иако важи за еден од брендовите кој обезбедува долгорочна софтверска поддршка за корисниците со редовни надградби, најверојатно овој пат има двоумици за распоредот и конечната надградба со Android 11.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.