Нема 5G за iPhone 12 mini

Објавено на 30.09.2020 во Новости



Нема 5G за iPhone 12 mini

Apple оваа година сите модели кои ќе ги лансира ќе ги скрои во посебни категории, па така корисниците кои ќе се решат за поевтините модели ќе треба да се помират со фактот дека ќе имаат одреден компромис.

Така најверојатно ќе биде со новиот мал iPhone 12 mini со 5.4 инчен екран кој нема да располага со 5G мобилна конекција.

Тоа и не е така голема трагедија бидејќи се уште оваа мобилна мрежа не е секаде достапна, па така овој компромис може годинава да биде прифатлив но, не и во наредните години.





Прочитајте повеќе: