Lenovo Legion смартфонот може да се најде за 1000 евра
Објавено на 03.10.2020 во Новости
Lenovo го искористи препознатливиот Legion бренд за гејминг лаптопи и го пренесе во светот на смартфоните. За прв пат новиот Lenovo Legion смартфон може да се најде и во Европа низ различни онлајн канали на продажба.
Засега почетната цена на Lenovo Legion Gaming смартфонот е поставена на околу 1000 евра со меморија од 512 GB и 16 GB RAM.
Lenovo Legion Gaming смартфонот располага и со 6.65 инчен AMOLED дисплеј со 1080+ резолуција и стапка на освежување на сликата од рекордни 144 Hz.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.