На Apple TV ќе може да гледате 4K видеа на YouTube

Објавено на 04.10.2020 во Новости



На Apple TV ќе може да гледате 4K видеа на YouTube

YouTube по долгото инаетење конечно дозволи емитување на 4K HD видеа на апликацијата наменета за Apple TV уредите како и за корисниците кои имаат ваков вид на претплата. 

Google долго време не попушташе со употреба на нивниот посебен кодек за видеа, а Apple немаше начин како софтверски да ги прилагоди видеата со повисока резолуција на Apple TV платформата.

Сега, сепак има одредени ограничувања бидејќи и натаму корисниците на Apple TV додека гледаат 4K HD видеа нема да имаат поддршка за 60fps и HDR.