Ново од Финците, Nokia 603 со Belle

Објавено на 16.10.2011 во Новости



Ново од Финците, Nokia 603 со Belle

 

Nokia го претстави новиот член од нивното семејство, Nokia 603 со Symbian Belle.
 
Овој смартфон со младешки изглед кој е наменет за исто-имената популација претставува компактен телефон со 3,5 инчен ClearBlack LCD дисплеј (резолуција од 360 x 640 пиксели) кој работи на процесор од 1 GHz.
 
За поврзување, Nokia 603 користи поголем дел од стандардните пакети како GPS, Wi-Fi, Bluetooth, USB, FM радио, 3,5 мм аудио приклучок и NFC.
 
За добрата меморија се грижи внатрешниот простор од 2GB, кој може да се прошири до дури 32GB, благодарение на microSD мемориската картичка.
 
Nokia 603 доаѓа со камера од 5 мегапиксели со фиксен фокус и можност за снимање видеа од 720p.