5G сигнал во најмалку еден македонски град до 2023 година

Објавено на 05.10.2020 во Новости



5G сигнал во најмалку еден македонски град до 2023 година

Македонскиот Министер за информатичко општество и администрација потврди дека до крајот на мандатот на владава се планира покриеност на 70% од главните коридори и патната мрежа со 5G мрежа.

Услов е барем еден град во Македонија да биде целосно покриен со 5G сигнал до 2023 година. „До крајот на 2020 година се подготвуваме за студија за изводливост за изградба на национална оптичка мрежа, имаме реализирано контакти и за овој дел од програмата“, изјави Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

Автор: Aleksandar Stankov