Најевтините Android Go смартфони добиваат премиум камера функции
Објавено на 06.10.2020 во Новости
Google ќе се погрижи и најевтините Android Go смартфони да добијат премиум функции за камерата преку нова софтверска надградба на апликацијата.
Најпрво планирано е сите Android Go смартфони дури и да немаат соодветен хардвер преку Android Camera апликацијата да добијат Night mode за креирање поквалитетни слики во ноќни услови.
Следна ќе биде поддршката за HDR автоматски брежим на сликање за подобри резултати со динамична позадина и различни степени на дневна осветленост.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.