Microsoft ја лансираше најдобрата камера апликација за iPhone

Објавено на 28.07.2016 во iOs



Microsoft ја лансираше најдобрата камера апликација за iPhone

Долго очекуваната Pix апликација на Microsoft која е специјализирана за камерата на iPhone конечно е лансирана со добивање на сите дозволи од Apple. Pix ќе понуди смарт софтвер за препознавање на условите со кои е направена сликата и ќе вметне свои решенија за подобар изглед, осветленост и експозиција, па така самите корисници лесно ќе добијат профи фотки. 

Pix поддржува и креирање на Live Photos со кратки видеа од сликањето кои се налик гифови и се добиваат многу забавни ефекти. Со вештачката интелегенција на Pix вие не треба воопшто да се заморувате со прилагодување на параметрите бидејќи апликацијата тоа го прави самата и тоа на многу прецизен начин. 

Pix може бесплатно да ја инсталирате од iTunes.





 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}