Бесплатно на YouTube Music ќе качувате песни на смарт звучници

Објавено на 07.10.2020 во Новости



Бесплатно на YouTube Music ќе качувате песни на смарт звучници

Youtube Music ќе прерасне во главната апликација на Google за слушање музика и управување со вашите плеј листи на песни како замена за Google Play Music.

Во меѓувреме YouTube Music прерасна во стриминг сервис кој се наплаќа па одредени функции станаа достапни само за тие со претплата.

Сега, добро е што корисниците на YouTube Music ќе може да ја прикачат нивната плеј листа со песни на cloud и бесплатно да ја слушаат со поврзани смарт звучници.