Gmail Go ќе може да го симнете на било кој смартфон
Објавено на 09.10.2020 во Новости
Google овозможи скратената верзија на Gmail клиентот да може да се инсталира на било кој уред и не само на тие кои се дел од Android Go програмата.
Gmail Go е многу помала апликација која не зафаќа многу простор, а истовремено не бара ниту напреден хардвер, па така ќе може RAM меморијата да ја искористите за мултитаскинг и друга понапредна апликација.
Gmail Go исто така има многу поедноставен интерфејс, а не може преку неа да ја активирате Google Meet опцијата за видео повици.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.