Apple во вторник ја претставува новата iPhone серија

Објавено на 11.10.2020 во Новости



Apple во вторник ја претставува новата iPhone серија

Септември беше одржана виртуелната конференција на која се претставени нови часовници и таблети, а следната недела Apple конечно ќе ја претстави новата генерација на iPhone телефони. Некои изненадувања околу уредите што ќе ги претстави не би требало да бидат, оти досега се објавени бројни гласини околу iPhone 12, како и останатите уреди што ќе ги претстават.

Се очекуваат 4 модели со OLED дисплеи и 5G поддршка. iPhone 12 mini ќе биде со 5,4 инчен екран, две камери (класична и ултраширока) и ќе се продаваат во верзии од 64, 128 и 256GB меморија, со почетна цена од 699 долари. Ќе може да се нарачаат на 6 или 7 ноември, додека на пазарот излегуваат на 13 или 14 ноември.Конференцијата на Apple е најавена за 13 октомври, во 19 часот, по македонско време.





Прочитајте повеќе: