Кои се адутите на iPhone 12, а кои се слабостите?

Објавено на 13.10.2020 во Новости



Кои се адутите на iPhone 12, а кои се слабостите?

Apple исто како и со iPhone 11 моделот лани, така и годинава го постави новиот iPhone 12 како најисплатлив модел за вложените пари, со тоа што корисниците треба да знаат дека е поскап за 100 долари во споредба со неговиот претходник, и има одредени компромиси.

Најпрво за адутите, iPhone 12 доаѓа со 6,1 инчен Retina XDR дисплеј кој има досега највисок степен на резолуција и острина на сликата, а исто така нуди и OLED технологија, елемент кој недостасуваше лани кај iPhone 11. Од друга страна пак, iPhone 12 нема поддршка за 120 Hz стапка на освежување на сликата како неколку врвни конкуренти.

iPhone 12 располага со 5G мобилна мрежа, за прв пат во историјата на Apple, работи со новиот А14 Bionic процесор што значи идентични перформанси како и Pro моделите од оваа серија, но за жал нема тројна камера, па така на корисниците ќе им недостасува телефото леќа. 

Се на се iPhone 12 ќе може да се порача од 16 октомври, а првата достава ќе се реализира на 23 октомври. Почетната цена за iPhone 12 со 64 GB меморија изнесува 799 долари, за моделот со 128 GB ќе треба да платите 849 долари, а за моделот со 526 GB меморија дури 949 долари. 

Автор: Aleksandar Stankov