iPhone 12 не импресионира на првите бенчмарк тестови

Објавено на 15.10.2020 во Новости



iPhone 12 не импресионира на првите бенчмарк тестови

Новите смартфони iPhone 12 и iPhone 12 Pro ги направија првите бенчмарк тестови за работата на процесорот и иако се очекуваше многу понапредни перформанси, овој пат резултати не се импресионирачки.

Сите модели на iPhone 12 работат со новиот A14 Bionic процесор со 5nm технологија, но и со него смартфоните имаат пониски резултати од уреди кои работат на пример со Snapdragon 865 процесор и тоа за околу 10%.

Споредено и со ланскиот модел iPhone 12 има за 5% подобри резултати од iPhone 11 што значи дека одреден напредок постои, но тој не е преголем и нема премногу да се забележи во реална употреба, секако освен ако рецензиите не ни покажат поинаку.





Прочитајте повеќе: