Прегревање, оштетен екран и изгореници: Проблеми со Apple Watch SE

Објавено на 21.10.2020 во Новости



Прегревање, оштетен екран и изгореници: Проблеми со Apple Watch SE

Apple минатиот месец претстави два нови модела од својот смарт часовник. Apple Watch Series 6 е надградба на претходниот модел што доаѓа со одредени подобрувања, од кои најголема новост е сензор за мерење на заситеност во крвта со кислород.

Другиот модел доаѓа со нов хардвер, но и само со дел од опциите на шестката, но неговиот адут во споредба со тој модел е цената. Apple Watch SE е достапен во верзии од 40мм и 44мм со почетна цена од 279 долари. Некои корисници брзо зажалиле поради купувањето на Apple Watch SE моделот поради прегревањето. Според пишувањето на медиумите, досега шест сопственици на Apple Watch пријавиле проблем со загревањето.

Некои имале проблем со благи изгореници на кожата кога го ставиле на раката, а во некои случаи бил оштетен и самиот часовник со појава на жолта точка над екранот. Еден корисник добил и изгореници на раката. Тројца од шесте корисници добиле поврат на пари од Apple





Прочитајте повеќе: