Бил Гејтс ја предвидел денешната ситуација пред 25 години

Објавено на 22.10.2020 во Новости



Бил Гејтс ја предвидел денешната ситуација пред 25 години

Кога излезе корона вирусот и почна SARS-CoV-2 вирусот да се шири низ цел свет, многумина почнаа да го споделуваат видеото од старо предавање на Бил Гејтс, во кое предупредува на голема можност од пандемијата што ќе го погоди светот, за што нема да сме спремни.

Потоа Гејтс стана симбол за зло и сите го обвинуваат за појавата на вирусот, за што велат дека е теорија на заговор. Во книгата објавена во 1995 година, Гејтс пишувал за иднината на состаноците и предвидел дека видео состаноците ќе заменат бројни состаноци во живо. Напишал дека малите видео уреди со камери споени на компјутерите и телевизорите ќе овозможат видео состаноци со поквалитетна слика и звук за ниски цени.

Така COVID-19 целосно го промени начинот на работа, а состаноците преку Zoom или Teams станаа стандарден начин на комуникација меѓу вработените и менаџерите, клиентите, итн.