Со новиот Facebook Dating повеќе нема да ви треба Tinder?

Објавено на 26.10.2020 во Новости



Со новиот Facebook Dating повеќе нема да ви треба Tinder?

Facebook со мало одложување започна со активирање на опцијата Dating во над 30 европски земји откако помина низ повеќе регулаторни одобрувања и процеси.

Новата амбиција на Цукерберг е целосно да го отфрли од игра Tinder, досега најуспешниот онлајн сервис за доодворување и запознавање кој имаше голем успех во привлекувањето на корисниците.

Facebook Dating ќе функционира на сличен начин, со тоа што на корисниците во профилот за запознавање ќе им се гледа само името, а не и презимето или вториот дел од корисничкото име, ќе може да ги додавате контактите кои веќе се регистрирале во делот за „дејтови“, да праќате пораки, како и да ги споделувате сторијата од Facebook и Instagram.