Гејмерите нестрпливи за Cyberpunk 2077 - Упатени и смртни закани

Објавено на 29.10.2020 во Новости



Гејмерите нестрпливи за Cyberpunk 2077 - Упатени и смртни закани

Главните девелопери и дизајнери од CD Projekt RED добиваат дури и закани по живот затоа што студиото мораше повторно да го одложи датумот на лансирање на долго очекуваната видео игра Cyberpunk 2077.

Играта Cyberpunk 2077 е поместена за 10 декември одпричими што било потребно повеќе време за да се довршат сите различни формати за PC, за актуелните гејмерски конзоли како и за next-gen конзолите Playstation 5 и XBox One.

Од студиото порачаа дека играта која се чека веќе седум години е разбирливо дека предизвикува фрустрации лак фановите, но чекањето ќе се исплати.