Baby Shark - најгледано YouTube видео на сите времиња

Објавено на 04.11.2020 во Новости



Baby Shark - најгледано YouTube видео на сите времиња

Baby Shark има над 7 милијарди прегледи, што го прави најгледано YouTube видео на сите времиња, но селектирано од содржина за најмладата публика. Се разбира, гледаноста на YouTube Kids содржината порасна откако децата останаа дома затворени.

Со 7,04 милијарди прегледи, Baby Shark го надмина „Despacito“ хитот на порториканската поп-sвезда Луис Фонси и Деди Јенки од 2017 година.