Корисниците ги сакаат и „зелените“ телефони, а не само најдобрите и најбрзите
Објавено на 06.11.2020 во Новости
Производителите на смартфони не се натпреваруваат само кој ќе направи најбрз, најдобар или најголем смартфон, туку и кој ќе го спакува тој телефон во еколошки прифатлива амбалажа.
Така и Huawei Mate 40 Pro доаѓа со 28% помалку пластична амбалажа и 90% помалку хартиени документи. Укината е и хартиената гаранција. Со тоа, Huawei Mate 40 Pro во вкупното пакување има само 3,8% пластика. Huawei направил истражување за да открие што мислат потрошувачите за одржливоста. Откриено е дека секој четврти европски потрошувач сака пластичната амбалажа да се отстрани до 2025 година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.