Трамп не изгуби само на изборите, туку и посебниот третман на Twitter

Објавено на 09.11.2020 во Новости



Трамп не изгуби само на изборите, туку и посебниот третман на Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го изгуби посебниот третман на Twitter и за него ќе се однесуваат истите правила на социјалната мрежа, кога новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе ја преземе претседателската функција на 20 јануари, потврди Twitter Inc неделава.

Twitter појасни дека одредени твитови на светските лидери што ги прекршуваат правилата, ги толерира кога ги кршат правилата. Доколку обичен корисник објави таков твит, веднаш би бил отстранет. Компанијата соопшти дека таков третман не се применува на поранешните носители на должност, што значи дека Доналд Трамп отсега ќе има проблеми ако постира повторно слични твитови.