Xor ќе биде новиот луксузен смартфон во духот на Vertu

Објавено на 10.11.2020 во Новости



Xor ќе биде новиот луксузен смартфон во духот на Vertu

Пазарот за луксузни екстра скапи мобилни телефони се уште опстојува, па дури и во време на светска криза предизвикана од пандемијата со корона вирусот. Новиот претендент во оваа класа ќе биде брендот Xor кој ќе настапи во духот на Vertu.

Xor всушност е и формиран од страна на поранешни вработени и дизајнери на Vertu, па сосема разбирливо е дека и нивниот нов мобилен телефон ќе ги следи сличните шеми, на луксузно изработен уред со најскапи материјали како титаниум и секако неизбежното злато во маската. 

Новиот модел Xor Titanium ќе се продава по цена од околу 4000 евра, AES256 енкрипција на сите повици и пораки, батерија која ќе трае до пет дена активна работа и специјално копче кое откако еднаш ќе го притиснете веднаш ќе ги избрише сите податоци на уредот.