Поддржувачите на Трамп заминаа на нова социјална мрежа, на која нема цензура
Објавено на 12.11.2020 во Новости
Facebook и Twitter со години се спремаа за овогодишните избори за претседател на САД со цел да спречат ширење на лажни вести на своите платформи, говор на омраза и слично. Така за време на изборите Twitter направи рестрикции за дури 16 твитови на Трамп.
Конзервативците и сите оние што сметаат дека Facebook и Twitter ги блокираат во последните месеци, се префрлија на нова социјална мрежа, каде што нема цензури - Parler. Популарноста на оваа апликација во последните неколку месеци константно расте, а експлодираше откако Бајден беше прогласен за победник на изборите.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.