Корисниците на А1 Македонија имаат најбрз мобилен интернет

Објавено на 12.11.2020 во Новости



Корисниците на А1 Македонија имаат најбрз мобилен интернет

А1 Македонија за своите корисници во Скопје и во Куманово обезбедува најбрз мобилен интернет. Ова го покажува Извештајот за состојбата на квалитетот на јавни електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни електронски комуникациски мрежи за населено место Скопје, кој се базира на мерењата кои Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги спроведе во период од 16.10.2020 до 04.11.2020. 

Контролата ја спроведува АЕК која ги мери параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги, а оваа активност произлегува од Правилникот за параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни радиокомуникациски мрежи.

Мерењето на квалитетот на бежичните електронски комуникацискии мрежи се извршува со користење софистицирана опрема инсталирана во специјално мерно возило за симулација на корисничко искуство, односно со комбинација од хардверско/софтверско решение за генерирање, анализа и објавување на податоците. 

Кампањата за мерење на квалитетот на мрежите која освен Скопје ги опфати и населените места Куманово и Желино покажа дека во Скопје за симнување фајл со големина од 10GB операторот А1 Македонија ДООЕЛ обезбедува брзина за пренос на податоци од 102.971 Mbps, додека кај Македонски Телеком АД Скопје брзината е 62.297 Mbps. 

 

А1 обезбедува побрз интернет и во Куманово, каде за преземање фајл со иста големина, брзината е 96.776 Mbps, а на Македонски Телеком - 68.097 Mbps. Телеком има побрз интернет на подрачјето на Желино и мерењето во ова населено место покажа брзина од 81.005 Mbps кај овој оператор, додека кај А1 изнесува 62.552 Mbps. 

 

Извештаите од извршените мерења на АЕК се објавени на официјалната страница на https://komuniciraj.mk/mk/izmereni-parametri-za-kvalitet-2020/