Ако користите некоја од овие популарни лозинки, веднаш променете ја

Објавено на 20.11.2020 во Туториали



Ако користите некоја од овие популарни лозинки, веднаш променете ја

Секоја година се објавуваат списоци со најкористените лозинки и речиси секогаш станува збор за лозинки што секој може без проблем да ги пробие. Ако знаете нечие корисничко име, тогаш сигурно ќе го знаете и пасвордот, а не треба да сте хакер за тоа.

Компанијата NordPass објави список со 200 најчесто користени лозинки за оваа година и не е тешко да се погодат кои се: password, 12345678, 111111, 123123, 12345, итн. Списокот со сите 200 лозинки погледнете го на овој линк. Ви препорачуваме да ги промените, оти на хакер ќе му биде потребно помалку од 1 секунда за да пробијат толку лесна лозинка.