Google со трик ќе го заобиколи Apple за Stadia да биде достапна за iPhone

Објавено на 20.11.2020 во Новости



Google со трик ќе го заобиколи Apple за Stadia да биде достапна за iPhone

Google најде елегатен трик за да ги заобиколи правилата на App Store кои поставуваат многу ограничувања за надворешни гејминг компании и сервиси, па така стриминг платформата за видео и мобилни игри Stadia сепак, ќе биде достапна за корисниците на iPhone или други iOS уреди.

Наместо да биде лансирана како посебна мобилна аликација, Google ќе ја лансира Stadia како веб апликација за мобилни системи како што е iOS и корисниците ќе нема потреба да ја инсталираат од App Store. 

Тоа ќе му донесе на Google поголема контрола над распределбата на приходите од видео игрите наместо да издвојува по 30% на Apple од сите направени трансакции. Cloud стриминг гејмингот се уште е во рана фаза на развој и дел од корисниците не се воодушевени од Stadia, но секако ова е проект кој допрва ќе се надградува.





Прочитајте повеќе: