Huawei докажа дека може да биде рамномерен со PlayStore и AppStore

Објавено на 23.11.2020 во Новости



Huawei докажа дека може да биде рамномерен со PlayStore и AppStore

Huawei AppGallery постои само година ипол, но сепак успеа да се наметне како трета продавница за апликации и да стане конкуренција за продавниците за апликации на Google и Apple.

Во прилог на тоа оди и фактот што новите Huawei уреди користат исклучиво AppGallery како примарен извор на апликации. Huawei покажа дека со интензивна соработка со локалните девелопери може брзо да дојде до голем број на различни апликации за корисниците.Како што истакнуваат од Huawei, AppGallery во просек има по 5.000 апликации неделно, покриени се сите категории, а во план е да продолжи со интензивна соработка со девелоперите низ цел свет и да им овозможи на корисниците избор меѓу повеќе апликации.