Нема да го има Galaxy Note 21, а Galaxy Z Fold 3 ќе пристигне побрзо
Објавено на 01.12.2020 во Новости
Претходните години беа предвидливи предводниците на Samsung кога пристигнуваат, но сега е се разместено, со оглед на тоа што најновата Galaxy S-серија доаѓа на пролет, додека Galaxy Note фамилијата веќе згаснува.
Galaxy Fold серијата настапува на сцената, која целосно отстапува од досегашниот конвенционален дизајнс. Samsung Galaxy Z Fold 3 би можел да пристигне набрзо, на местото на Galaxy Note 21. Корејските медиуми веќе на големо зборуваат дека нема да го има Galaxy Note 21, поради мала разлика со Galaxy S21 Ultra и Z Fold 3, од кои сега се очекува да пристигнат со S Pen поддршка. Почнувајќи ја својата ера од 2011 година, Samsung Galaxy Note серијата го згаснува своето 10 годишно постоење.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.