ZTE Memo – интересен смартфон

Објавено на 25.10.2011 во Новости



ZTE Memo – интересен смартфон

Американскиот мобилен оператор Cricket Wireless деновиве доби уште еден телефон во нивната понуда, засега не многу познат на нашиот пазар, ZTE Memo.
 
Овој евтин смартфон има QWERTY тастатура и првенствено е наменет за зависниците од текстуални пораки и доаѓа со 2,4 QVGA дисплеј, 3G поддршка, камера од 2 мегапиксели, Bluetooth, медиа плеер, GPS, веб-пребарувач и слот за мемориска картичка.
 
Како што кажавме, телефонот е наменет за оние кои постојано комуницираат преку СМС пораки, но оние кои „висат“ на социјалните мрежи.
 
Цената на телефонот е 99,99 долари, но за жал сè уште не се знае дали би го виделе на нашиот пазар.