Поранешен вработен на Tesla кој ја кошташе 167 милиони призна дека лажел

Објавено на 02.12.2020 во Новости



Поранешен вработен на Tesla кој ја кошташе 167 милиони призна дека лажел

Мартин Трип, поранешниот вработен на Tesla Motors призна на суд дека издавал лажни изјави за производство во гигафабриката што компанијата ја кошташе 167 милиони долари загуби на берзата во јуни 2018.

Трип како самопрогласен свиркачи го хакирал системот за производство, украл неколку гигабајти податоци, давал лажни изјави за проблематични батерии и неисправни делови на Business Insider и бил во соработка со Cable Car Capital, форма која вклучувала средства на берзата "обложувајќи" се дека вредноста на акциите на Tesla ќе пропаднат.

Штетата е направена во јуни 2018 година по објавата на две статии на Business Insider кои најверојатно се базирале на лажните тврдења на Трип.

За направените штети Трип се согласил да исплати сума од 400 илјади долари пред судот во спорот со Tesla.