Кимбал Маск е милионер како братот Илон Маск - Помага на фармерите за здрава исхрана на Земјата

Објавено на 02.12.2020 во Новости



Кимбал Маск е милионер како братот Илон Маск - Помага на фармерите за здрава исхрана на Земјата

Фамилијата Маск е дефинитивно предодредена за големи нешта, сите се милионери. Бизнис крв тече во секој од нив. Освен Илон Маск, се издвојува и Кимбал Маск, помладиот брат на шефот на SpaceX и Tesla Inc. Кимбал поседува многу компании и непрофитна организација што има за цел да им помага на Американците здраво да се хранат.

Групацијата на Кимбал Маск - The Kitchen Restaurant Group, поседува локации од Денвер до Чикаго, која фокусира на „изворите од американските фармери“. 

„Ако луѓето сакаат само храна, може да нарачаат преземање или испорака, но не е тоа причината зошто сум во овој бизнис. Рестораните се места каде што одбележувате моменти во вашиот живот. Ние сакаме да бидеме тука за вас. Ние се надеваме дека бизнисот ќе се врати, но ќе потрае некое време. Дури и ако не заработуваме пари, тука сме за да ги поврземе и им помогнеме на луѓето“, вели Кимбал Маск, кој се осврнува на тоа што коронавирусот затворил одредени локации.

Автор: Aleksandar Stankov