Се сруши култниот телескоп од James Bond: Golden Eye

Објавено на 04.12.2020 во Новости



Се сруши култниот телескоп од James Bond: Golden Eye

Поради големи оштетување на инфраструктурата целосно се сруши култниот телескоп во астрономската опсерваторија Аресибо во Порто Рико по речиси половина век на функционирање.

Овој телескоп послужи и како филмски сет за снимањето на клучните сцени од филмскиот хит James Bond: Golden Eye, а беше втор по големина радио телескоп во светот.

Два кабли за поддршка на опрема со тежина од 900 тони на платформа над плоча со дијаметар од 305 метри, се скршиле на 10 август и 6 ноември од непозната причина. Каблите направиле дупка во плочата која била преголема за било какви зафати за поправка.