Горјан Јовановски со МојВоздух прогласен за најдобар млад иноватор во Европа

Објавено на 04.12.2020 во Новости



Горјан Јовановски со МојВоздух прогласен за најдобар млад иноватор во Европа

Девелоперот Горјан Јовановски е прогласен за најдобар млад иноватор во Европа благодарение на неговата мобилна и веб апликација МојВоздух која го покажува нивото на загаденост на воздухот со податоци од мерните станици.

Наградата му ја додели World Summit Awards во категоријата на млади иноватори под 30 години.

Апликацијата МојВоздух постојано се надградува и веќе е достапна во многу земји од регионот и пошироко. Јовановски исто така е активист за заштита на животната средина и спречување на климатските промени.