Најмладиот професионален е-спортист на Fortnite има само 8 години!?

Објавено на 06.12.2020 во Игри



Најмладиот професионален е-спортист на Fortnite има само 8 години!?

Е-спорт групата Team 33 потпиша професионален договор со 8 годишниот Џозеф Дин, со што стана најмладиот професионален е-спортист. Дин наводно ќе добие пет илјади долари за опрема и уште 33 илјади долари како бонус, оти потпишал со нив.

Интересно е тоа што Дин наводно тренира со екипата од Tema 33 од својата шеста година. „Целта ни беше да го тренираме последните неколку години, оти веруваме дека младите гејмери се иднината, па затоа сакавме да почнеме да го тренираме што порано“, велат од Team 33.

„Тоа е остварување на соништата. Другите тимови не ме сфаќаат сериозно поради моите години, но Team 33 ме следеа на моето играње на Fortnite и ми дозволуваа секојдневно да тренирам со нив. Не можам да бидам посреќен што станав и официјален член', вели Дин, кој го доби прекарот "Gos33".