Samsung спрема неверојатен ISOCELL сензор од 600MP со 4К и 8К резолуција

Објавено на 07.12.2020 во Новости



Samsung спрема неверојатен ISOCELL сензор од 600MP со 4К и 8К резолуција

Samsung моментално е во фаза на развој на неверојатен сензор со големина од 600MP, така тврдат аналитичарите. Објавена е и слика од PowerPoint презентација од внатрешни документи.

Информации се откриени од клучните перформанси на камерата, со која ќе може да се снима во 4K и 8K резолуција. Големиот сензор овозможува голем зум на видеата, без да го намали квалитетот на снимката. ISOCELL 600MP сензорот има големина на пиксели од 00.8µm, но не би можеле да го очекуваме во блиска иднина, со оглед на тоа што јужнокорејската компанија мора да го реши големиот проблем со испакнатината на камерата. Сензорот со големина 1/0.57″ ќе зазема простор од 12% за задниот панел на телефонот, со 22мм испакнатина.