Водафон Германија со својата 5G мрежа опфаќа 10 милиони луѓе

Објавено на 09.12.2020 во Новости



Водафон Германија со својата 5G мрежа опфаќа 10 милиони луѓе

Германскиот оператор Водафон Германија објави дека неговата 5G мрежа во моментов опфаќа 10 милиони луѓе низ целата земја. 

Во соопштението, операторот изјавува дека неговата 5G технологија неодамна е активирана во 300 нови градови и општини низ Германија.

„Ја лансиравме првата 5G мрежа во Германија пред една година и сега ја постигнавме нашата прва 5G цел, порано од планираното“, рече извршниот директор на Водафон, Ханес Аметсрајтер. Од денес, соопшти операторот, поставени се приближно 3.000 5G антени низ државата. „Ние продолжуваме да градиме и ќе ја зголемиме нашата поставена цел во однос на 5G за 2020 година. Нашите техничари ќе активираат уште илјадници 5G антени во следните неколку недели. Ќе поврземе повеќе од 15 милиони луѓе со 5G до крајот на годината, па дури и 30 милиони до крајот на 2021 година “.

Операторот соопшти дека ги забрзува поставувањата на 5G антени во главниот град Берлин, со тоа што неодамна активирале 300 нови 5G базни станици низ градот. Во изминатите неколку дена, Водафон рече дека информатичките техничарите подготвиле големи области во Хамбург, Минхен, Диселдорф и Лајпциг за поставување на 5G, а  дополнително активирале и повеќе 5G антени во секој од градовите. Водафон Германија соопшти дека повеќе од 160 5G антени се активни во моментов во Хамбург, 180 во Минхен, 120 во Дизелдорф, 60 во Лајпциг и 300 во Франкфурт.

За своето 5G проширување во Германија, Водафон се потпира на 5G фреквенции и на 1,8 GHz на повеќето локации - особено во градовите - и исто така на спектар 3,5 GHz.

Водафон исто така користи фреквенции во опсегот од 700 MHz на одделни локации за проширување на мобилните комуникации во руралните области.

Операторот исто така користи технологија за динамично споделување на спектарот (DSS) за своето 5G проширување.

Водафон првично ја лансираше својата 5G мрежа во Германија во 2019 година, на фреквенции од 3,5 GHz што ги купи од Телефоника во 2018 година.

Водафон Германија се здоби со радио-спектар за 5G мобилни мрежи во Германската агенција за федерални мрежи за вкупна цена од 1,88 милијарди евра (моментално 2,22 милијарди долари). Обезбеди 90 мегахерци во опсегот 3,6 GHz и 40 мегахерци од спектарот 2,1 MHz. Аукцијата заврши во средината на јуни и генерираше околу 6,55 милијарди евра.

Германскиот оператор претходно потврди дека ќе продолжи да спроведува стратегија за набавка од две страни за своите мрежи, со опрема од кинескиот гигант Huawei и шведскиот Ericsson.

И останатите телекомуникациски оператори, Deutsche Telekom и О2 ќе ја продолжат соработката со Huawei за 5G мрежите.