Патент на Oppo со модул за предна и задна камера што слободно се вади

Објавено на 09.12.2020 во Новости



Патент на Oppo со модул за предна и задна камера што слободно се вади

Oppo осмислиле напредна технологија со концепт на телефон, чиј екран може да се превиткува. Задната камера е со посебен модул што може да се извади од телефонот. Патентот открива две камери сместени ов модулот со USB-C влез, сопствена батерија и поддршка за NFC, WiFi и bluetooth. 

Наместо предна камера за фотографирање на селфи и видео разговори, ќе може да се користи задната камера. Доволно е само да се извади модул камерата од куќиштето на телефонот и да почнете со фотографирање.