Honor спрема нов предводник и сака да доминира на кинескиот пазар

Објавено на 11.12.2020 во Новости



Honor спрема нов предводник и сака да доминира на кинескиот пазар

Трамп со своите одлуки за забраната на работењето со американските компании со Huawei, и нанесе голема штета на компанијата. Последиците ги почвуствува и подбрендот на Huawei - Honor

Забрането им е да се користи технологијата како онаа на Qualcomm, а уште поголем проблем е забраната за користење на Google Mobile Services, односно со нивните телефони не се испорачуваат апликациите на Google. Решението за таа ситуација е пронајдено во продажбата на Honor, продадена е на конзорциум од Шенжен.

Плановите на Honor се прилично амбициозни, сака да стане прв бренд на кинескиот пазар за смартфони, потврдил извршниот директор на компанијата, Жао Минг. Тоа значи дека сака да го надмине и Huawei, што нема да биде лесно поради веќе споменатите забрани. Спасот Honor го гледал во договорот со Qualcomm. Таа веќе спрема предводници за следната 2021 година, кои ќе бидат со најмоќниот Snapdragon 888 процесор.