ВацАп, Телеграм и ЈуТјуб паднаа во Европа, Азија и Русија

Објавено на 16.12.2020 во Новости



ВацАп, Телеграм и ЈуТјуб паднаа во Европа, Азија и Русија

Корисниците на ВацАп во многу земји пријавија проблем со логирање на социјалната мрежа. Најголем број на поплаки има од Европа: Шпанија, Франција, Италија, Германија, Белгија, Велика Британија и во Јужна Америка: Мексико, Бразил, Аргентина, Перу. Има и корисници од Москва.

96% од корисниците на ВацАп изјавиле дека не можат да се позврзаат со серверот, а 3% пријавиле пад на веб страницата. Пад има и најголемата виде платформа ЈуТјуб, при што 61% од корисниците пријавиле дека не можат да гледаат видеа, 34% биле со проблеми за вчитување на страницата, а 4% немале пристап кон интернет. 

Проблеми има и на Телеграм, 86% од корисниците пријавиле дека не можат да се поврзаат, а 13% не можат да објават содржина.