Google уште не го решил проблемот со Gmail - Корисници уште се жалат

Објавено на 16.12.2020 во Новости



Google уште не го решил проблемот со Gmail - Корисници уште се жалат

Голем број на корисници на Gmail, како што јавува Google, имале проблем со апликацијата. Во вторникот навечер веб страницата за надзор на услугите примала над 166 илјади приговори од корисниците што имале проблем со користењето на Gmail. Корисниците можеле да и пристапат на апликацијата, но не можеле да испраќаат пораки.

„Свесни сме за проблемот со Gmail, кој влијае врз значителен број на корисници. Погодените корисници може да пристапат кон Gmail, но има грешки во пораките, висока латенција и неочекувано однесување“, пишува во предупредувањето на надзорната лента на Google Services.

Во понеделникот на 2 часа престанале да работат апликациите на YouTube, Gmail и Google Maps. Овој пат пристигнале пријави за проблеми од САД и Австралија, а од Европа немало толку проблеми со падот со системот.